108
Војчех Шчесни вели дека не би се вратил за ниту еден друг клуб од пензија освен за Барселона која не можел да ја одбие.
Шчесни по крајот на минатата сезона објави крај на кариерата, но на неговата врата тропна Барселона откако Тер Штеген се повреди. Полскиот голман го прифати предизвикот.
„Ако пред еден месец некој ми речеше дека ќе бранам за Барселона, ќе прснев од смеење“, вели Шчесни.
„Немаше да ги облечам повторно ракавиците за ниту еден друг клуб“.
„Ако речете не на Барселона, тоа значи дека немате муда за таков предизвик“.