Сцени кои ретко се гледаат, фановите на Бетис станаа да му аплаудираат на Лео, на Виљамарин ечеше „Меси, Меси“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентинецот уште
еднаш демонстрираше дека е голем фудбалски волшебник, и вечерва против Бетис
забележа хет-трик.

Првиот гол беше
мајсторија од слободен удар, вториот дојде по една одлична акција со Луис
Суарез, а за третиот веројатно долго ќе се зборува. Лео Меси доби топка во
шеснесетникот и го лобуваше голманот на Бетис како тоа да е најлесната работа
во светот.

Па новата
фудбалска магија предизвика сцени кои ретко се гледаат.
Домашните фанови станаа да му апладураат на Лео, и од трибините ечеше „Меси,
Меси“. Познавачите на шпанскиот фудбал велат дека не паметат кога се случило вакво нешто последен пат на „
Бенито Виљамарин“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×