470
Фудбалерите на Милан славеа во дербито против Наполи (2-1) во рамките на петтото коло на Серија А.
На оваа средба повеќе од 40 минути „росонерите“ играа со десетмина и грчевито се бранеа. Поради тоа нападот беше во втор план, а една сцена го обиколи светот.
Имено, во обид за контра по еден прекин во 84. минута со топка напред тргна Рафаел Леао. Поругалецот освен што немаше вистинска поддршка од уморните соиграчи, кога стигна во противничкото поле околу него имаше седум фудбалери на Наполи, плус голманот Мерет меѓу стативите.
Antonio Conte is crazy man. See recovery pic.twitter.com/KRyHcSOAUn https://t.co/rRyZLX6WJo
— TobyWrites (@tobyasky) September 28, 2025