Некогашниот
српски голгетер, 45 годишниот Саво Милошевиќ седна на тренерското столче на белградскиот
тим, каде го наследи Жарко Лазетиќ, кој си поднесе оставка од таа позиција по
трите порази во серија во српската Суперлига, каде црно-белите со 51 бод
заостануваат цели 24 бода зад лидерот и нивен голем ривал Црвена Звезда.
Милошевиќ го
раскина договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија, каде ја извршуваше функцијата
потпретседател, а неговата промоција во српскиот клуб е закажана за во
четврток.
Поранешниот
српски репрезентативец во својата кариера настапуваше за Партизан, Астон Вила,
Сарагоса, Парма, Еспањол, Селта, Осасуна и Рубин Казан, а во однос на
тренерскиот ангажман, беше помошник во селекцијата на Црна Гора во периодот од
2011. до 2012. година, од неодамна се здоби и со тренерска про лиценца.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.