Поранешниот
аргентински напаѓач, кој беше и член на Барселона, Хавиер Савиола го
предупредува неговиот сонародник Лаутаро Мартинез околу можното партнерство со
Лионел Меси, велејќи дека играњето со него изгледа лесно, но воопшто не е така
во реалноста.
Мартинез е една
од повеќето ѕвезди од „Серија А“ кој посебно се истакнаа актуелнава сезона која
во моментов е суспендирана поради коронавирусот, постигнувајќи 16 погодоци на
31 настап, се верува дека Барселона е подготвена на 22 годишниот напаѓач да му
понуди договор вреден 10 милиони евра по сезона, а Мартинез е достапен за 111
милиони евра.
„Искрено, тој за
мене е фудбалер кој може да биде многу корисен за Барселона“ вели Савиола во интервју
за специјализираниот фудбалски портал „Гол“ изведено на социјалните мрежи.
„Ние сите знаеме
што значи да бидеш веднаш до Суарез, Меси и останатите одлични фудбалери,
меѓутоа, не би рекол дека е лесно да се игра во нивно друштво“ додава
фудбалерот кој на 123 настапи за Каталонците зад своето име запиша 49 погодоци.
Савиола потоа го
посочи примерот на Пауло Дибала, кој настрада да се вметне во селекцијата на
Аргентина покрај Меси кога обајцата беа заедно за време на натпреварите.
„Дибала самиот
посочи дека му било тешко со Меси, но го поддржа бидејќи сето тоа бара високо
ниво на концентрација, за да се биде на негово место, изгледа лесно, но воопшто
не е така“ заврши Савиола.