211
Фудбалската федерација на Црна Гора реши да се раздели со селекторот Роберт Просинечки по последните порази на репрезентацијата.
Просинечки беше под голем притисок на црногорската јавност по поразите од Чешка и Хрватска, па се чини дека отказот беше неизбежен.
Претседателот на федерацијата, Дејан Савичевиќ беше соиграч на Роберт Просинечки во славните денови на Црвена звезда, но работа си е работа, па мораше да му даде отказ на Хрватот.
Се шпекулира дека нов селектор на Црна Гора ќе биде легендарниот напаѓач од оваа земја, Мирко Вучиниќ.