Саутгејт со изјава на која се чудат сите во Англија

by bojan
2 минути читање
Саутгејт

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт вели дека „трите лава“ се мачат на Европското првнество во Германија поради тоа што немаат соодветна замена за Калвин Филипс.

Англија пристигна во Германија како еден од главните фаворити за титулата, но избраниците на Саутгејт одиграа под очекувањата на првите два натпревари.

Против Србија можеби стигнаа до трите бода и покрај тоа што не блескаа, но откако одиграа 1-1 против Данска, се зголеми притисокот врз селекторот.

А тој излезе со изјава на која се чудат сите на „островото“.

„Немаме соодветна замена за Калвин Филипс. Се обидуваме со различни работи и во моментов немаме течна игра“ – вели Герет Саутгејт.

Калвин Филипс се наметна сериозно во составот на Англија на претходното Европско првенство, но по трансферот во Манчестер Сити игра во очајна форма, па сега не се најде во составот.

Негова замена против Србија и Данска беше Трент Александар Арнолд, кој целата кариера ја игра како десен бек.

„Трент е експеримент.“

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани