Англија успешно го
заврши квалификацискиот циклус за Светското првенство, а потоа следеа две силни
контролки, најнапред со Германија а потоа и со Бразил, и двете завршија без
голови.
Тоа што 180 минути
Гордиот Албион не успеа да ја затресе мрежата се чини дека не го загрижува
селекторот Герет Саутгејт, па така, медиумите на Островот шпекулираат дека тој
веќе го има во план следниот почетен состав за големиот фудбалски турнир во
Русија.

Она што остана како
дискутабилна тема од тоа што го видовме со Англија е играњето на Ерик Даер во
средината на теренот, наместо на централната стоперска позиција.
„Тој сакаше да се
усоврши во Тотенхем како централен дефанзивец, тој чувствуваше дека на таа
позиција може да игра во иднина, можеби и се уште мисли така“ вели Саутгејт кој очигледно е задоволен од изданието на Даер кој против Германија и Франција играше нешто понапред.
Постои една реална дилема, кој ќе го заземе местото во средината веднаш до Адам Лалана, како опции се споменуваат Хери Винкс и Рубен Лофтус-Чек кои обајцата импресионираа на дебито.
Тоа што останува исто како дополнителна дилема во однос на почетниот состав е секако голманската позиција, многумина се
сомневаат во тоа дали Џо Харт е вистинскиот избор за прва опција, покрај Џордан
Пикфорд и Џек Батленд, кои сигурно ќе притискаат за прво место во тимот се’ до стартот на Мундијалот.