2,3K
Герет Саутгејт е хит во Англија, се купуваат „неговите“ елечиња, нацијата верува дека тој е човекот што може да го „врати фудбалот дома“.
Кога ќе се врати во Англија ќе биде многу попопуларен отколку кога замина за Русија, но тој вели дека неговите погледи кон светот нема да се променат.
„Дали ќе го победиме или ќе го изгубиме натпреварот, мојот живот нема да се промени. Ќе отидам дома, ќе ги изнесам кучињата на прошетка и ќе исчезнам до Јокшир. Доволно долго сум во спортот за да знам каков ќе биде мојот секојдневен живот по ова. Ќе привлекувам повеќе внимание и нема да ми биде лесно да одам на ручек на одредени места, но мојот погледн кон светот или работите кои ги правам нема да се променат“, изјави Саутгејт.