Саутгејт објасни зошто не смета на Маркус Рашфорд за ЕВРО 2024

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не го смести Маркус Рашфорд на спискот за Европското првенство, вели дека лошата форма на напаѓачот е причината за ваквиот потег.

26 годишниот Маркус Рашфорд беше клучен играч на Герет Саутгејт изминативе години, беше во составот за СП 2018 и СП 2022, како и на ЕВРО 2020.

Сепак, напаѓачот летоска нема да настапи на Европското првенство во Германија, ѕвездата на Манчестер јунајтед не се најде на списокот кој беше објавен попладнево.

„Ова се тешки одлуки, зборуваме за играч кој е навистина добар и кој беше важен дел од она што го сработивме изминативе години“ – вели Герет Саутгејт.

„Одлуката за изоставување на Рашфорд е едноставна, сметам дека други играчи на неговата позиција имаа многу подобра сезона“.

Селекторот на Англија има голем избор за офанзивата со играчи како Кол Палмер, Фил Фоден, Букајо Сака и Еберечи Езе, кои прикажуваа фантастични партии изминативе месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани