Саутгејт објасни зошто ги изоставил Грилиш и Медисон од составот за Европското првенство

by bojan
2 минути читање
Англија, Грилиш, Медисон

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт вели дека во составот има играчи кои се во подобра форма, па затоа се решил да ги изостави Џек Грилиш и Џејмс Медисон од составот за Европското првенство.

„Трите Лава“ денеска направија нов рез и соопштија седум имиња кои нема да патуваат во Германија за континенталниот судир.

Најголеми ѕвезди помеѓу отпишаните се Џек Грилиш и Џејмс Медисон, а Герет Саутгејт вечерва го објасни својот избор.

Слично како и кога ја правдаше одлуката да не го повика Маркус Рашфорд, селекторот на Англија рече дека во составот има играчи кои се во подобра форма.

„Сите играчи покажаа почит кон одлуката. Секако, сите веруваа дека заслужуваат место, и затоа се топ играчи. Го имаат тој мајндсет и таа верба во себе, но факт е дека имаме одредени играчи кои оваа сезона, играат во страшна форма“ – вели Саутгејт.

„Едноставно сметавме дека други играчи имаа подобра сезона, особено во последните шест месеци“.

„Во офанзивата имаме многу опции, сите различна една од друга“.

„Секако, одлуката беше многу тешка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани