Маркус Рашфорд
игра подобро како напаѓач со повеќе улоги во таа игра, отколку како „деветка“,
наведува селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Напаѓачот на
Манчестер јунајтед стартуваше во составот на „Гордиот Албион“ во убедливата
победа против Бугарија во саботата на домашен терен во рамките на квалификациите
за ЕП2020, а тој беше на левата страна од напаѓачкото трио заедно со Хари Кејн
како централен напаѓач, односно Рахем Стерлинг кој играше десно.
Кејн реализираше
хет-трик во победата, а еден гол постигна и Стерлинг на пресметката на „Вембли“,
по што Англија продолжи со максимален учинок во квалификациите.
Рашфорд во
Манчестер јунајтед игра на левата страна во нападот, а исто така и на
позицијата на „деветка“ како централен напаѓач, редовно ја менува таа позиција
со својот соиграч Ентони Марсијал во
текот на натпреварите, меѓутоа Саутгејт е конкретен, тој не го гледа Рашфорд
како централен напаѓач.
„Ние подолд
период го посакувавме Рашфорд да биде онаа опција како „деветка“, се уште не
сум сигурен во тоа дека тоа е позицијата каде тој е најсреќен и дека токму на
таа позиција ги врши на најдобар можен начин задачите“ вели селекторот на „Гордиот
Албион“.
„Поголемиот дел
од развојот во Манчестер јунајтед тој го направи играјќи како ‘широк напаѓач’, мислам дека тој не е до тоа ниво како Кејн на
таа позиција, така, доколку игра како деветка, тој ќе игра различно во однос на
Кејн, меѓутоа, најдоброто од неговата работа е на левата страна приоѓајќи вон
линијата“ додаде Саутгејт.
„Тоа не е
проблем, ние само треба да бидеме внимателни во однос на тоа дека можеби тоа е
најдобрата позиција за да се извлече најдоброто од него, постојат делови од
теренот во играта каде тој посакува да се најде“ заклучи тој.
Рашфорд ја
презеде одговорноста на себе да од него се очекуваат погодоци во Манчестер јунајтед
оваа сезона по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер, тој заедно со Марсијал
во моментов се двете клучни решенија во нападот, иако не станува збор за
централни напаѓачи.