Саутгејт ја крена англиската нација на нозе, Англичаните не беа испратени со големи очекувања но стигнаа до полуфиналето па се роди и вербата за пехарот, но Хрватска ги спушти на земја. Селекторот вели дека болката е голема, но тој е горд на своите играчи.
„Во овој момент ја чувствуваме болката на поразот која е голема. Дали очекувавме да дојдеме до тука? Реално мислам дека никој од нас не очекуваше. Но со тие добри игри и со одиграното во првото полувреме, верувавме дека ќе успееме, треба да ги користите шансите кои животот ви ги овозможува. Многу тешко беше да се биде во соблекувалната сега“, вели Саутгејт.
„Но ќе кажам дека неизмерно сум горд на овие фудбалери кои играа многу напредно. Мислам дека реакцијата на навивачите кон нив споредено со таа пред две години им го кажува тоа. Ова искуство може да биде позитивно, земјата е горда на нив и на начинот на кои тие одиграа, многу позитивни работи може да се извадат од ова Светско првенство“.