Саутемптон го победи ВБА и закажа дуел против Лидс за експресно враќање во Премиерлигата

by bojan
1 минути читање
Саутемптон

Саутемптон славеше со 3-1 на реваншот против ВБА и закажа пресметка со Лидс на „Вембли“ за враќање во Премиерлигата.

Финалето во плеј-офот во Чемпионшип, познат како најскапиот меч во светот, на мегдан ќе ги донесе Лидс и Саутемптон.

Откако „белите“ вчера убедливо го совладаа Норич во реваншот, вечерва и „светците“ ја добија пресметката против ВБА, трумфираа со 3-1 и си обезбедија билет за „Вембли“.

Смолбон го донесе Саутемптон во водство од 1-0 на стартот од вториот дел, Армстронг зголеми на 2-0 во 78. минута, а истиот играч во финишот погоди од пенал за 3-0 и решавање на сите дилеми. До крајот на натпреварот, гостите само го ублажија поразот преку Кипре во 97. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани