Саутемптон го победи Ливерпул и на Енфилд за финале во Лига Купот (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Избраниците на Клоп потфрлија на уште еден натпревар и тоа ги чинеше место во финалето на Лига Купот.


Саутемптон со цврста игра во одбраната се избори за настап на Вембли, каде ќе се сретне со подобриот од Манчестер јунајтед и Хал.


Ливерпул бркаше еден гол негатива од првиот натпревар, но никако не успеваше да го најде патот до мрежата на Форстер.


А кога во завршницата домаќините фрлија се на една карта, по еден брз против напад Лонг го замолка Енфилд и на „Светците“ им донесе финале од Лига Купот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани