Саутемптон е првиот Премиерлигаш кој се договори со фудбалерите за платите, нема да користи државна помош за вработените

by
1 минути читање

Одлична вест ни
доаѓа од Премиерлигата, каде се крена голема прашина околу преговорите помеѓу
клубовите и претставниците на фудбалерите околу прашањето со платите, а некои
дури ги препуштија своите работници на државна сметка.

Саутемптон е
првиот клуб во Премиерлигата кој во согласност со сите во клубот донесе план
околу платите, фудбалерите ќе одвојат дел од своите плати за април, мај и јуни
за да помогнат во кризата со коронавирусот.

Фудбалерите на
клубот од „Сент Мери“ дале зелено светло во преговорите со клубот да имаат
помали плати за наведените три месеци, а со цел да се заштитат работните места
на вработените во клубот, или поточно, фудбалерите, шефот на стручниот штаб и неговите помошници ќе имаат 10% помали плати.

Со ова,
Саутемптон нема да ја користи државната мерка со која на работниците кои
останале без своите работни места во кризата од коронавирусот им се покриваат
дури 80% од платите.

Претходно,
петмина клуба од Премиерлигата, како Ливерпул, Тотнем, Борнмут, Норич и Њукасл
одлучија да користат државна помош за своите работници кои не се фудбалери, а
најмногу критики од јавноста беа упатени кон „богатите“ Ливерпул и Тотнем.

Европскиот првак Ливерпул набрзо
ја повлече одлуката, а во соопштението кое го објави им се извини на
навивачите, посочувајќи дека одлуката била ибрзана и пред се
погрешна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×