Саутемптон бара рекордна цена за својот најголем талент!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Саутемптон ја одреди цената за заинтересираните страни за потпис со младиот Тајлер Диблинг.

„Светците“ сакаат да заработат рекордна сума која некогаш е платена за еден англиски фудбалер. За услугите на Диблинг во Саутемптон бараат најмалку 120 милиони евра, што ќе го надмине досега најскапиот англиски трансфер на Грилиш во Манчестер Сити.

Засега е нејасно зошто Саутемптон бара толку пари ако се согледаат фактите. Станува збор за најслабиот тим сезонава во Премиер лигата, а и 19-годишникот нема некои претерано добри бројки.

Тајлер Диблинг одигра 30 меча досега, даде четири гола и забележа две асистенции, а настапува за У19 селекцијата на Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани