Саул Нигез ја сруши Италија, Шпанија против Германија во финалето на ЕП (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шпанците ја оправдаа улогата на фаворит, ја надиграа Италија, ја совладаа со 3-1 и се пласираа во финалето на Европското првенство.

Во првото полувреме мрежите мируваа, Шпанија беше поактивна, но не успеа неколкуте шанси да ги круниса со гол.

Резултатот беше отворен во 53. минута кога Саун Нигез постигна убав гол од далечина за водство на Шпанија од 1-0.

Гаљардини за осум минути успеа да добие два жолти картони и ја остави Италија со фудбалер помалку во 58. минута од натпреварот.

Но и покрај тоа, во 62. минута Бернардески го најде патот до мрежата на Шпанија за изедначување на 1-1.

Радоста на Италија траеше кратко, бидејќи Нигез во 65. минута со нов гол го врати водството на Шпанија на 2-1.

Десет минути подоцна, нов прекрасен гол на Нигез за негов хет-трик и конечен резултат на натпреварот од 3-1.

Во петок, во големото финале Шпанија ќе игра против Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани