Саул Нигез го доби најдолгиот договор во Шпанија и речиси двојно поголема откупна клаузула

by
1 минути читање

Саул Нигез беше одличен на Европското првенство за играчи до 21 година, па одново медиумите почнаа да го поврзуваат со мега трансфер.

Младиот Шпанец сепак не размислува за промена на средината и ја покажа својата љубов кон Атлетико Мадрид со новиот договор кој е најдол во Шпанија.

Фудбалерот од средниот ред се обврза кон Атлетико во следните девет години и стави потпис на договор со трајнос до 30. јуни 2026.

Во новиот договор на Саул Нигез ќе има и нова откупна клаузула која сега ќе изнесува фантастични 150 милиони евра, ќе биде речиси двојно поголема од сегашната која изнесува околу 80 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани