„Саудиската лига е рамо до рамо со Премиер, ако Ал Ахли игра во Англија ќе се бори за топ 4“

by 24 фудбал
1 минути читање

Англискиот напаѓач Ајван Тони предизвика бурни реакции со својата изјава дека Саудиската Про Лига е на исто ниво со Премиерлигата. Фудбалерот на Ал Ахли вели дека неговиот клуб би се борел за самиот врв во Англија.

Саудиската лига во изминативе години е под жестоки критики поради огромните инвестиции и доведувањето на ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Нејмар, но Тони цврсто застана во одбрана на шампионатот.

За мене Саудиската лига е рамо до рамо со Премиер лигата. Да се натпреварува Ал Ахли во Англија сигурен сум дека би биле во борба за топ 4. Ова е квалитетна лига и луѓето не треба да ја потценуваат“, изјави Тони за „Гардијан“.

Англичанецот како доказ ја истакна и победата на Ал Хилал над Манчестер Сити на Светското клупско првенство, кога тимот од Ријад славеше со 4-3 против шампионот на Европа.

Сакав да објавам нешто на Твитер по тој натпревар, но дома ќе ме критикуваа, па решив да молчам. Но сите тогаш можеа да ја видат силата на Ал Хилал. Во Саудиска Арабија се игра сериозен фудбал. Многу играчи имаат квалитет да настапуваат во Премиер лигата“, додаде Тони.

Тони минатото лето го замени дресот на Брентфорд со оној на Ал Ахли, а од тогаш постигна 35 голови и ја освои Азиската Лига на шампиони. Сепак, и покрај одличната форма, селекторот Томас Тухел не го повика за последниот циклус од квалификациите за Мундијалот, па неговото место на списокот за САД е под знак прашалник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×