Денешното издание на Телеграф пишува дека Саудиска Арабија сака летоска да ангажира барем 10 звучни имиња, на листата со желби има играчи како Варан, Касемиро, Фернандеш, Де Брајне, Салах, Едерсон и Алисон.
Саудиска Арабија ќе продолжи да инвестира огромни суми во привлекување на топ фудбалери, и како што пренесува Телеграф, целта е ова лето да бидат ангажирани барем 10 звучни имиња.
Главна дестинација за шопинг ќе биде Премиерлигата, на листата со желби има играчи како Рафаел Варан, Касемиро, Бруно Фернандеш, Кевин Де Брајне, Мохамед Салах, Едерсон и Алисон.
Останува да се види колку од овие ѕвезди ќе им се придружат на Кристијано Роналдо, Нејмар, Бензема и останатите фудбалери кои решија да ги прифатат огромните суми на пари кои ги дава Саудиска Арабија.