Саудијците „тропнале на вратата“ на ПСЖ – и тоа со понуда од 200 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Луис Кампос, еден од најдобрите спортски директори кој во овој момент работи во Пари Сен Жермен добил понуда да ја промени средина и да работи во Саудиска Арабија.

Според последните информации на медиумите Саудијците на Кампос му понудиле 200 милиони евра за договор на десет години.

Нивниот план е Кампос да биде одговорен за комплетниот фудбал во земјата и да работи на подобрување на состојбата се до Мундијалот во 2034 година на кој тие ќе бидат домаќини. Исто така Кампос би бил вклучен и во работата во клупскиот фудбал.

Кампос има уште една од договорот со ПСЖ и поради тоа интерес за него покажале и неколку други европски клубови, но јасно е дека финаниски нема да добие подобра понуда. Сепак, прашање е колку има желба да работи во Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани