Луѓето кои го водат фудбалот во Саудиска Арабија се збунети и шокирани од однесувањето на најплатениот фудбалер во лигата, Кристијано Роналдо.
Роналдо го бојкотира Ал Наср затоа што Карим Бензема го засили лидерот Ал Хилал. Португалецот смета дека во неговиот клуб не се инвестира доволно за да стане шампион.
Наместо да покаже почит кон газдите кои му даваат неверојатни 500.000 евра неделно и огромен дел од буџетот на клубот оди за неговата плата, тој се лути затоа што не може да освои титула.
Поради тоа Саудијците се разочарани од неговото однесување.
Главен инвеститор во најдобрите клубови во Саудиска Арабија е „Јавниот инвестициски фонд“ (ПИФ), но секој клуб дополнително има и други извори за финансии.
Официјалните лица од лигата во Саудиска Арабија тврдат дека голем дел од трансферите на Ал Хилал се финансирани од Ал Валид бин Талал, еден од најбогатите луѓе во светот. И велат дека доколку некој фан на Ал Наср сака да финансира во својот клуб, може да го направи тоа.
Останува да се види како ќе се развива случајот со Роналдо, дури се најавува и негово заминување од Саудиска Арабија.