По рецептот на Катар, слична ситуација се подготвува во Саудиска Арабија за домаќинство на Светското првенство кое во 2034 година и официјално ќе се одржи во оваа земја.
Ќе се трошат многу пари за градење на стадионите, дел од нив се постоечки, но дел уште не се изградени. Саудијците подготвија револуција како никој досега, па така различни стадиони ќе бидат градени од различни материјали.
Се истакнува стадионот „Њу Мураба“ кој се очекува да биде изграден од дрво од багрем со капацитет од 45.000 гледачи, а да има облик на кањон. Посебен ќе биде и стадионот „Рошн“ во вид на кристал, како и „Мохамед бин Салман“ кој ќе биде на рид исполнет со илјадници ЛЕД светла. „Кинг Фахад“ ќе биде налик на повеќе шатори, а посебни ќе бидат речиси и сите други, барем според најавите.
Финалето ќе се одигра на „Кинг Салман Интернасионал“, кој ќе биде грандиозна градба со капацитет од 92.000 фанови.
#أهلًا_بالعالم في #السعودية2034 حيث يتجسد الابتكار والاستدامة لتقديم تجربة لا تُنسى على أرض المملكة 🇸🇦 pic.twitter.com/I1KsssPTZA
— المنتخب السعودي (@SaudiNT) December 11, 2024
Дотогаш треба да се одржат уште два Мундијали, првиот во САД, Канада и Мексико за кој Македонија ривалите во квалификациите ќе ги дознае в петок.
Во 2030 година револуционерно Светското првенство ќе се одржи во Шпанија, Португалија, Мароко, Парагвај и Уругвај.