Саудијците ја „фрлија око“ и на најдобриот играч на светот за 2025!

by 24 фудбал
1 минути читање

Саудиска Арабија продолжува агресивно да таргетира ѕвезди од европскиот фудбал, а најновото име на списокот е Усман Дембеле. Шпанскиот весник АС пренесува дека државниот ПИФ фонд сериозно ја разгледува можноста за негов ангажман.

Францускиот офанзивец има договор со Пари Сен Жермен до 2028 година, но засега нема конкретни разговори за негово продолжување, што Саудијците го гледаат како шанса.

Интерес за Дембеле покажале два клуба под контрола на ПИФ фондот, а се споменува трансфер сума поголема од сто милиони евра.

Покрај тоа, Дембеле би добил и исклучително богат договор, па останува да се види дали францускиот репрезентативец ќе биде подготвен да ја прифати понудата и да ја напушти Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×