Сасуоло на Гросо избори експресен кам-бек во калчо елитата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Сасуоло експресно се избори за кам-бек во калчо-елитата откако на пет кола пред крајот на Серија Б стекна недостижна предност пред третопласираната Специја од 16 бода.

Популарните „нероверди“ на гостувањето кај Модена славеа со 1-3 и со тоа си го обезбедија прволигашкиот статус за следната сезона. Тимот предводен од Фабио Гросо игра доминантно во второлигашката конкуренција и сосема заслужено ќе се врати во Серија А по едногодишно отсуство.

Освен Сасуоло на добар пат да обезбеди место во калчо елитата е и Пиза која од клупата ја предводи Пипо Инзаги. На патот кон плеј-оф се Специја, Кремонезе, Јуве Стабиа, Катанцаро, Палермо, Бари, Чезена…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани