93
Матс Хумелс ја засили Рома како слободен играч, но уште нема одиграно ниту минута за римскиот клуб.
Додека чека да дебитира на инстаграм постираше серија фотки како тренира во Рома, и слики како го поминува времето во Рим.
„Рим досега. Наскоро ќе бидат вклучени и слики од натпреварите, мислам“, напиша саркастично Хумелс.
Зборчето „мислам“ покажува дека засега не е задоволен од својот статус во Рома.