Сари со бурни критики до фудбалерите, го посочи главниот проблем на Челси во моментов

by
1 минути читање

Евертон му нанесе
нов тежок удар на Челси, совладувајќи го со 2-0 вчера пред своја публика, а за
избраниците на Маурицио Сари допрва ќе следат потешкотии во битката за излез во
Лигата на шампионите следната сезона, ако се земе во предвид дека во моментов
Арсенал на четвртото место на табелата има предност од три бода на осум кола до
крајот.

Италијанскиот
фудбалски стратег од клупата на Сините, Маурицио Сари го посочи главниот
проблем со кој се соочува неговата екипа, тој вели дека проблемот не е веќе во
тактиката, која тој ја промени, го промени и системот, а прстот го впери во
менталната состојба на екипата.

Тактички,
доколку не играте, едноставно не играте! Тоа важи за секој систем, ние го
променивме системот на игра, но останавме на истото, сега е веќе премногу
тешко. Мислам дека проблемот е ментален. Доколку имате ментален проблем,
тактиката не е доволна
“ посочи Сари упатувајќи жестоки критики кон своите фудбалери
.

Загрижен сум за
нашиот менталитет, ситуацијата е чиста, ги одигравме веројатно најдобрите 45
минути оваа сезона, а потоа, на стартот од второто полувреме едноставно
запревме со играње, не знам зошто…
“ заклучи Италијанецот.

Челси беше
доминантен во првите 45 минути на Гудисон Парк, што за Сари тоа било најдоброто
полувреме на неговата екипа актуелнава сезона, но, во второто играта целосно
пропадна, а домаќинот со головите на Ришарлисон и Сигурдсон дојде до
посакуваната победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×