Сари сака повторно да соработува со една ѕвезда на Челси, Јувентус подготвува понуда од 70 милиони евра

by
1 минути читање

Шефот на стручниот
штаб на италијанскиот првак Јувентус, Маурицио Сари сака повторно да соработува
со Н
Голо Канте, фудбалерот
од средниот ред на Челси, кој веројатно дека оставил голем впечаток кај
Италијанецот во периодот додека го менаџираше Премиерлигашот.

Се верува дека
Сари најголемите импресии во периодот во Челси ги имал токму од Французинот,
истовремено одредени медиуми пишуваат дека Сари верува дека евентуално трио во
средниот ред составено од Арон Ремси, Миралеј Пјаниќ и Канте би бил најдобриот
во Европа.

Наводно во
Јувентус веруваат дека понуда од околу 70 милиони евра би била доволна за да го
доведат Французинот во своите редови.

28 годишниот
Канте во Челси пристигна од Лестер во 2016. година, играше клучна улога во
шампионската титула за сензационалниот тим на Лестер тогаш под водство на Карло
Анчелоти кој испиша историја во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×