Сари прв пат стартуваше со триото Роналдо, Игуаин и Дибала, Јувентус лесно го победи Удинезе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Маурицио Сари почна да игра со триото Роналдо, Игуаин и Дибала од првата минута и тоа му овозможи импресивно прво полувреме на Јувентус.

Роналдо го отвори мечот уште во деветата минута, а Португалецот зголеми на 2-0 во 37. минута по асистенција од Игуаин.

Пред самиот крај на првото полувреме Бонучи погоди за предност од 3-0 на Јувентус.

По високото водство, Јувентус одигра помирен втор дел во кој Удинезе во 94. минута постигна почесен гол за конечни 3-1.

Илија Несторовски во игра влезе во 87. минута од мечот.

Милан не успеа да го искористи домашниот терен, одигра само 0-0 против Сасуоло.

Болоња оствари одличен резултат против одлична Аталанта, тимот на Синиша Михајловиќ победи со 2-1.

Претходно Верона и Торино одиграа нерешено 3-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×