Јувентус
утревечер на домашен терен го пречекува Милан во реванш пресметката од
полуфиналето на „Копа Италија“, откако претходно во Милано немаше победник и
исходот гласеше 1-1.
Шефот на
стручниот штаб на „Старата дама“, Маурицио Сари е под голем притисок поради
слабите изданија на италијанскиот првак, а нов проблем е можното отсуство на
првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.
Како што е
познато, Португалецот е покрај својата мајка која имаше мозочен удар по што
имаше операција, па не е познато дали тој ќе биде во комбинација за настап,
нешто што ги руши плановите на Сари за реваншот со „Росонерите“.
„Не знам што ќе
се случи, тоа е работа од приватен карактер, ќе дискутираме на оваа тема веднаш
штом се врати, неговото враќање ќе зависи од тоа како ситуацијата ќе се развива“
рече Сари.
„Очигледно е дека
тактиката и плановите ќе претрпат промени во зависност од тоа дали Роналдо ќе
биде во комбинација за настап, не постои замена за него во целиот свет, така
ние природно ќе мораме нешто да промениме при евентуално негово отсуство“
додаде Сари.
Во второто полуфинале од „Копа Италија“, во четврток Наполи на домашен терен го пречекува Интер, откако на гости составот од Неапол обезбеди минимална победа.