Сари подвлекол две имиња кои очајно ги посакува во Јувентус, Паратичи работи на тоа

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги објави „Скај Спорт“ утрово, новиот шеф на стручниот штаб на
Јувентус, Маурицио Сари веќе го известил раководството на Старата дама за
големата желба да донесе две засилувања во Торино ова лето.

Првото име, на
кое Фабио Паратичи веќе работи, а можеби и најголемо, е ѕвездата на Манчестер
јунајтед, Пол Погба, кој освен со враќање во Јувентус, се поврзува и со
трансфер во Реал Мадрид.

Самиот Французин
ги подгреа шпекулациите дека ќе си замине од Олд Трафорд ова лето откако веќе
даде изјава во која посочи дека
можеби ова е најдобриот период за нов предизвик, на некое друго место.

Погба сигурно
нема да биде лесен залак за било која екипа која е заинтересирана за неговите
услуги, а во меѓувреме, второто име за кое инсистира Сари е младиот и доста
надежен фудбалер на Фиорентина, Федерико Киеза.

Киеза од поодамна
стана
миленикна неколку европски гиганти, а
токму Јувентус се вели дека е најсериозниот кандидат за неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани