Сари одбива богатство од Саудијците: Во фудбалот сум поради пасија, не поради пари!

by riste
1 минути читање

Маурицио Сари кој се врати на кормилото на Лацио, открива дека одбил богата понуда од Саудиска Арабија, не го интересираат парите.

Симоне Инзаги замина во Ал-Хилал, Стефано Пиоли беше тренер на Ал-Наср, но тоа не е патот во кариерата и на Маурицио Сари кој вели дека не е заинтересиран за саудиските пари.

„Имав преговори со клуб од Саудиска Арабија каде што за еден месец ќе го заработев тоа што ќе го заработам за цела година во Лацио“, открива Сари.

„Отсекогаш сум велел дека ќе го следам срцето, не парите. Не бев заинтересиран за тоа колку пари тие ми нудат. Отсекогаш во фудбалот сум бил поради пасија, нема сега да почнам да го правам тоа за пари“.

Се шпекулира дека тоа било понуда од 18 милиони евра по сезона за да го наследи Пиоли во Ал-Наср. Сега таква понуда има Лучано Спалети.

„Тоа е нешто што не предизвикува емоција кај мене, не ме возбудува. Би било тешко за мене да работам таму во тие услови“.

Фото: X/S.S.Lazio

Можно е и ова да ти се допаѓа

×