Сари: Не веруваа дека јас и Алегри можеме да бидеме добри тренери, ми велеа…

by
1 минути читање

Настанот се случил на 16. ноември 2003 година по натпревар во Серија Ц2 на стадион на кој биле присутни само 1.400 гледачи.

Тогаш Сари како тренер на Санџованезе го пречекал Аљианезе предводен од Алегри, натпреварот завршил 0-0. Но 15 минути подоцна и двајцата во своето портфолио го имаат Јувентус како клуб на кој биле тренери.

„Никој не веруваше во нас тогаш“, раскажува Сари на сцената на настан по повод 100 години од клубот Фиљине, клуб од неговиот роден град.

„Натпреварот заврши 0-0, немаше гоови, немаше шутови во рамките од голот. По крајот на натпреварот еден пријател ми рече: „Ако вие двајца сте тренери, секој може да биде…“.

„Се надевам и верувам дека се уште има нешто во мене сега од тој Сари тогаш. Духот е ист, не сум се променил во начинот на кој му приоѓам на фудбалот“.

„Но емоциите кои ги чувствував на мечот меѓу Санџованезе и Монтеварчи е нешто кое ретко повторно сум го почувствувал во мојата кариера, ниту во меѓународните финалиња сум го немал тоа чувство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×