Сари: Јувентус фаворит? Мислам дека тие се шегуваат

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус, Маурицио Сари ги коментираше
изјавите на Јирген Клоп и Лионел Меси кои тврдеа дека „Старата дама“ е помеѓу
главните фаворити за европската титула сезонава.

Јувентус вечерва
гостува кај Олимпик Лион во првата пресметка помеѓу овие две екипи во
осминафиналната рунда од Лигата на шампионите, а Сари тврдењата на тренерот на
Ливерпул, како и ѕвездата на Барселона ги оцени како смешни.

Мислам дека тие
се шегуваат, да, ние го имаме еден од најсилните тимови во ова натпреварување,
но постојат и други силни екипи покрај нас во Европа во моментов, барем
десетина клуба чија цел е освојување на европската титула
“ рече Сари.

Ние сме дел од
тие екипи секако, но покрај италијанските трофеи на кои сме многу посветени за
да ги освојуваме, Лигата на шампионите е повеќе сон отколку цел
“ додаде
искусниот фудбалски стратег кој извесен период се соочува со големи критики за
својата работа во тимот од Торино.

Јувентус не е
обврзан да ја освои Лигата на шампионите бидејќи постојат финансиски помоќни
клубови од нас, така единствениот притисок врз нас се сведува на тоа да се
обидеме, а ние тоа ќе го сториме
“ заклучи Сари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×