Сари ја имаше првата конфротација со Роналдо па порача: Тој е најдобар, може да прави што сака (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус синоќа
го одигра првиот контролен тест, кој го загуби со 3-2 откако Хари Кејн
спектакуларно погоди од половина терен и го лобуваше истрчаниот Шчесни.

Овој потег беше
најубав на мечот, но за медиумите и социјалните мрежи интересен е и еден момент
од крај аут линијата. Кога Кристијано Роналдо беше повлечен од игра во 63.
минута, кратко по голот со кој донесе предност за „старата дама“ од 2-1,
Португалецот имаше насвмевка на лицето се додека не се поздрави со Маурицио
Сари.

Двајцата потоа си
дофрлија нешто, а Португалецот незадоволно се упати кон клупата за резерви.

Маурицио Сари
сепак брзо ја смири ситуацијата и истакна дека Кристијано Роналдо е најдобриот
играч во тимот, па ќе добие специјален третман и слобода да се движи и да прави
што сака на теренот.

„Кристијано е
најдобриот играч во овој тим, па ќе треба добро да ги организираме останатите
десет во дефанзивната фаза од играта. Роналдо е најдобар и важно е да има
слобода на теренот. Може да игра било каде и да прави што сака“
– порача тренерот
на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×