Сари испрати порака до Азар, Куртоа и Вилијан

by
1 минути читање

Маурицио Сари
денеска го имаше првиот натпревар на кормилото на Челси, „Сините“ триумфираа со
0-1 над Перт Глори. По крајот на мечот топ тема повторно беше иднината на Еден
Азар, Тибо Куртоа и Вилијан.

Репрезентативците
на Беглија се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, додека пак Бразилецот е
желба на Барселона.

„Не зависи само
од мене, но убеден сум дека ќе останат“
– рече кратко и јасно Маурицио Сари.

Запрашан дали
разговарал со тројцата играчи откако го наследни Антонио Конте, Италијанецот ги
повтори зборовите од прес конференцијата. „Преферирам со луѓето да разговарам
лице во лице“.

Според новите
правила, трансфер пазарот на „Островото“ завршува на 9. август, па доколку Челзи
мисли да се раздели со некоја од своите ѕвезди ќе треба да го направи тоа што
поскоро за да има доволно време да пронајде соодветна замена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×