Маурицио Сари во
Наполи применуваше офанзивен и атрактивен фудбал, па затоа Јувентус летоска му
ја довери задачата да го крене проектот на едно скалило погоре. Сепак, „старата
дама“ се мачи, играта не е на потребното ниво, ниту пак резултатите.
Вечерва Јувентус
загуби со 1-0 на гостувањето кај Лион во првиот меч од осминафиналето во Лигата
на шампионите, па Маурици Сари реши да удри по своите играчи.
„Тешко ми е да
објаснам зошто, но во првиот дел, топката многу бавно ја движевме, па сосема
нормално противникот притискаше, ја освојуваше, па дури и погоди. Второто
полувреме беше подобро, но искрено, тоа не е доволно во Лигата на шампионите“ –
вели тренерот на Јувентус.
„Не знам што е
работата, играчите никако да разберат колку е важно топката брзо да движи. Ова
е фундаментално, ќе продолжиме да работиме, и наскоро овој концепет ќе им влезе
во глава. Продолжувам да им делам совети, но и понатаму има играчи кои пребавно ја
движат топката. Вчера на тренинг, топката два пати побрзо се движеше од
вечерва. Нема логика во ова, обратно трбеа да се случува. Во последно време многу
работи правиме обратно од она што работиме на тренинг. Кога топката се движи бавно,
губите посед, му дозволувате на противникот да затвори, да биде агресивен и да
ја освои топката. Мислам дека пресингот на Лион не беше толку силен, едноставно
ние пребавно ја движевме топката. И со ваква игра, нема да креирата ништо. Не
можам да разберам како вчера на тренинг топката се движеше два пати порзо
отколку денес на натпреварот“.