Сапуницата заврши, Вардар пушта во продажба нормални цени на билетите за мечот со Фенербахче

by
1 минути читање

Откако и соопшти
на јавноста дека по крајот на сезоната ќе ги напушти сите три клуба Вардар во
кои инвестира, Русинот Самсоненко обелодени и дека цените на влезниците за
дуелот против Фенербахче во плејофот од квалификациите за Лига Европа ќе изнесуваат
300 денари, без разлика на сектор или трибина.

Сепак, во
соопштението, Самсоненко не откри каков бил договорот со Фенербахче околу
јужната трибина, симболот на вардаровите навивачи која беше „продадена“ на
гостинска екипа, и тоа ни помалку ни повеќе, туку целата трибина, што наиде на
жесток одговор на навивачите на македонскиот првак.


Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал архива,
Вардар – Копенхаген)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани