Јасир Асани, некогашниот голем талент од фудбалската
школа на македонскиот првак Вардар, веќе подолг период не може да пронајде клуб
каде би ја развивал својата кариера соодветно на неговиот квалитет, кој се чини
дека во моментов уназадува.
Пред само две години беа подготвени да платат 150.000 евра за него, сега го добиваат за „без пари“
Асани е мошне интересна тема низ албанските медиуми, тој
си замина од Вардар лани и се реши да премине во редовите на неговиот градски
ривал Шкупи, тимот за кој сонувал да игра. По авантурата во Чаир следеше
преселба во прилепска Победа, за потоа на социјалните мрежи по еден мошне
краток период да извести дека си заминува и од тој клуб, по што остана без
ангажман ова лето.
Иако беше на чекор до трансфер во албанскиот прволигаш
Партизани од Тирана, сепак до тоа не дојде, а веќе се познати и деталите за
неуспехот во целата таа ситуација.
Од тоа што го пренесува албански „Спорт експрес“, се вели
дека тимот од Тирана не сака ниту да слушне да плати 28.000 евра за 22
годишниот фудбалер, поточно, тоа е сумата која Вардар ја добил како
обештетување за исписница од клубот, а истите наводно биле платени токму од
неговиот менаџер, кој сега ја бара истата сума како компензација. Формално,
сумата била подмирена лично од Асани, барем така наведуваат во Албанија.
Веќе пишувавме за тоа каква сума подготвувал Партизани Тирана за Асани пред само две години.
Извор/Фото: sportekspres.com