Сантош се откажа од фудбалерите на Барса, познат конечниот список на Португалија

by
1 минути читање

На почетокот од
оваа недела, Фернандо Сантош објави поширок список на кој се најдоа 35 имиња,
но селекторот на Португалија за кратко време направи рез и доцна синоќа го
објави конечниот состав за мундијалот.

Во Русија нема да
патуваат неколку шампиони од ЕВРО 2016. Фернандо Сантош не смета на двоецот од
Барселона, Андре Гомеш и Нелсон Семедо, ниту пак на искусниот Нани а повик не
доби ниту Едер, кој го постигна голот против Франција во финалето. Жоао Кансело
од Интер исто така ќе остане дома исто како и Рубен Невеш кој беше најскапиот
трансфер во историјата на Чемпионшип и го предводеше Вулверхемптон до промоција
во Премиерлигата.

Конечниот список
на Португалија:

Голмани: Антони
Лопез, Бето, Руи Патрисио

Одбрана: Бруно
Алвеш, Седрик Соареш, Жозе Фонте, Марио Руи, Пепе, Рафаел Гереиро, Рубен Диас,
Рикардо Переира

Среден ред:
Адријен Силва, Бруно Фернандеш, Жоао Марио, Жоао Мутињо, Мануел Фернандеш,
Вилијам Карваљо

Напад: Андре
Силва, Бернардо Силва, Кристијано Роналдо, Желсон Мартинс, Гонсало Гуедеш,
Рикардо Кварезма

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани