Сантош: Македонија мора да ја гледаме како Италија, овие мечеви не се шега

by
2 минути читање

Светот очекуваше Португалија и Италија да се борат за пласман на Светското првенство, но Македонија го шокираше светот па ние ќе им бидеме пречка на Португалците до Мундијалот.

Нивниот селектор Фернандо Сантош има голема почит за Македонија и вели дека овој меч не е шега, се може да се случи.

„Треба да ја покажеме истата почит кон Македонија како што би ја покажале кон Италија. И претходно ви реков дека можеби ќе играме со нив, овие натпревари не се шега, тоа е како финале, се може да се случи“, вели Фернандо Сантош.

„Треба да имаме фокус и концентрација каква што заслужуваат. Тим кој отиде во Италија и го победи Европскиот шампион, не треба посебно да се претставува“.

Португалија против Турција водеше со 2-0, но Турците намалија на 2-1, а промашија и пенал за 2-2. На крајот Португалците победија со 3-1.

„Не смеевме тоа да си го дозволиме во меч во кој ја имавме контролата. Ова ни е опомена за следниот натпревар“.

„Мечот со Турција е завршен, треба да се фокусираме на Македонија, за нивните фудбалери ова сигурно ќе биде мечот на нивните животи. Ќе ни треба максимален фокус, играме дома пред нашата публика. Мотивацијата е дека овој меч ќе не однесе на Светско“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани