Сирија беше едно од најпријатните изненадувања во
квалификациите за СП Русија 2018, а оваа земја која мина низ мошне тежок период, во однос на политичките случувања, беше на прагот да испише историја.
Сепак, Австралија во продолжението од реванш мечот во
бараж фазата славеше со 2-1, откако првиот дуел помеѓу овие две селекции заврши
со реми од 1-1.
Први на реваншот поведоа Сиријците со голот на Ал Сомах
уште во 6. минута, но Австралијанците со голот на Тим Кејхил само седум минути
подоцна израмнија на 1-1, со овој резултат се премина во продолжение, во кое
Кејхил во 109. минута донесе водство за домаќините од 2-1, а храбрите Сиријци
не се предадоа до крајот од средбата.
Во последните секунди од реваншот сантиметри ја делеа Сирија
од пласман на Мундијалот во Русија, откако Ал Сомах, стрелецот на водечкиот гол
ја погоди стативата биејќи од слободен удар од околу 25 метри…
Дека гостинската селекција даде се’ од себе, говори
и фактот што во продолжението играше со играч помалку, откако исклучен беше Ал
Мавас.