Дуелот помеѓу Манчестер
Сити и Арсенал што требаше да се одигра вчера се одложи поради тоа што членови
на „точиите“ имале контакт со сопственикот на Олимпијакос, кој пак е позитивен
на Ковид 19.
Клубот од Северен
Лондон сметаше дека шансите за некој да се зарази биле екстремно мали, но сега
испадна дека тоа не е точно. Доцна вечерва, Арсенал соопшти дека Микел Артеат бил
позитивен на коронавирус.
Па сега целиот
прв тим и тренерски персонал ќе оди во изолација, како и уште многу други
членови на клубот. Затворени ќе бидат и тренинг центрите во Колни и Хејл Енд.
„Ова е големо
разочарување. Не се чувствував добро, направи тест и испадна дека имам
коронавиурс. Ќе се вратам на работа веднаш штом лекарите ми дадат зелено
светло“ – изјави Шпанецот.