Шансата на Исени која не се пропушташе… младиот Вардарец ќе испишеше историја! (ФОТО)

by
1 минути читање

Вардар го забележа и вториот пораз во групата „Л“ од Лига
Европа, но постигна дебитантски гол во ова натпреварување, откако загуби на
гостувањето кај Розенборг со 3-1, а голот беше само за ублажување на поразот во
самиот финиш од средбата, дело на Фелипе.

Сепак, во 82. минута, само пет минути откако влезе на
местото на Николов, младиот, 20 годишен фудбалер, Бесар Исени имаше можеби животна прилика да се
прослави, да го постигне првиот гол за една македонска екипа во групна фаза од
некое европско клупско натпреварување, но неговиот обид беше „скротен“ речиси
од самата гол линија.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани