Шанса за Бетис? Составот на Барса без Меси, Суарез и Дембеле (ФОТО)

by
1 минути читање

Барселона вечерва има
шанса да ја забележи првата победа во новата сезона од Примера, по слабиот старт во новата сезона од најсилниот шпански фудбалски шампионат.

Каталонците во
првото коло беа поразени на гости кај Атлетик Билбао, а вечерва на домашен
терен го пречекуваат незгодниот Бетис, кој сигурно ќе ја бара својата шанса за
изненадување на „Камп Ноу“, дополнителна мотивација кај нив секако е фактот што
домаќините се соочуваат со големи проблеми околу повредените фудбалери.

Ударното трио во офанзивната
игра составено од првата ѕвезда на тимот, Меси, нема да биде во можност за
настап во тимот на Валверде, а покрај Аргентинецот на таа листа уште се и Суарез
и Дембеле.

„Спорт“ веќе
објави како би можеле да изгледаат почетните состави на обете екипи, кај
домаќините голови ќе се очекува од Гризман, кој ќе биде потпомогнат од Рафиња и
Перез, кај гостите пак, ударното трио во нападот го сочинуваат Хоакин, Тељо и
големото засилување Фекир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×