Фенер во 95. минута се спаси од пораз против Галата – тензија имаше и на загревањето! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фенербахче со гол на Дуран во 95. минута од натпреварот извади 1-1 против Галатасарај во големото турско дерби.

Дерби натпреварите меѓу Фенербахче и Галатасарај секогаш изобилуваат со тензија, а овојпат неа ја имаше уште на загревањето кога фудбалерите на двата тима влегоа во вербален конфликт.

Резултатот беше отворен во 27. минута кога Сане со доза на среќа постигна гол за водство на Галатасарај од 1-0.

Се чинеше дека Галатасарај ќе го добие дуелот, но во последната минута од судиското продолжение Фенербахче со гол на Дуран успеа да изедначи на 1-1 и да се спаси од пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×