200
Сане беше изоставен од селекцијата на Германија за Светското првенство, но влезе неколку минути како замена на мечот со Франција во Лигата на нации.
Сепак денеска по разговор со Јоаким Лев ја напуштил репрезентацијата. Во официјалното соопштение тој заминал поради приватни причини.
Претходно соиграчот од репрезентацијата Тони Крос изјави дека Сане не го исполнува потенцијалот кој го има и мора да го подобри своето однесување.
„Тој е играч кој има се што треба за да биде фудбалер од светска класа, но понекогаш треба да му кажете да игра подобро“, вели Крос.