Медиумите од Германија пренесуваат дека Џејдон Санчо е подготвен да прифати двојно помала плата за да се врати во Борусија Дортмунд, единствениот клуб каде што бил среќен.
Џејдон Санчо нема иднина во Манчестер јунајтед, тој е еден од петмината фудбалери кои се шкртнати од тренерот Рубен Аморим и им е забранет пристапот до првиот тим.
Јувентус пројавува интерес за неговите услуги, но преговорите за трансфер во Торино бележат слаб прогрес.
Последните информации велат дека Џејдон Санчо е подготвен да направи големо финансиско жртвување за да се врати во Борусија Дортмунд.
Како што пренесува Билд, Англичанецот се откажува од половина плата за повторно да игра о единствениот клуб каде што бил среќен.
Останува да се види дали популарните „милионери“ ќе можат да пронајдат заеднички јазик со Манчестер јунајтед за условите под кои ќе се реализира зделката.