Санчо не сака ниту да остане во Челси, ниту да се врати во Јунајтед: Побарал трансфер во трет клуб!

by bojan
1 минути читање
Санчо

Како што пренесува Билд, Џејдон Санчо доставил шокантно барање за трансфер, напаѓачот сака повторно да го носи дресот на Борусија Дортмунд.

Џејдон Санчо изминативе денови често беше дел од трансфер шпекулациите, медиумите од „островото“ пишуваат за тоа како Челси ќе мора да плати без разлика дали Џејдон Санчо ќе остане на Стемфорд Бриџ или пак не.

„Сините“ имаат обврска за 25 милиони фунти во целост да го купат Англичанецот, а ако сакаат да се „извадат“ од оваа обврска, ќе треба на Манчестер јунајтед да му платат 5 милиони фунти како казна.

Но како што пренесува Билд, Џејдон Санчо не сака ниту да остане во Челси, ниту да се врати во Манчестер јунајтед.

Англичанецот побарал трансфер во Борусија Дортмунд, клуб каде што најдобро се снаоѓа и прикажува одлични партии.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани